Новините во измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход
Според претходните законски измени на Законот за данокот на личен доход, од 7 декември 2020 година, данок на личен доход не се плаќа за:
-платени лабораториски тестови за ковид-19 за вработени лица во износ до 9.000 денари на годишно ниво по вработен, со примена од 7 декември 2020 година;
-ваучер на активен спортист издаден од Агенцијата за млади и спорт, во согласност со Законот за спортот.
Од УЈП појаснуваат дека почнувајќи од 1 јануари 2021 година, со новите законски измени, данок на личен доход нема да се плаќа и на следните надоместоци:
-надоместоци на трошоци за обуки и доквалификација (стекнување сертификати, лиценци и сл.) на вработени лица, поврзани со нивното работно место, под услов истите да продолжат со работа кај истиот работодавач, во временски период утврден со договор;
-уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување за една календарска година за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина од една просечна месечна бруто-плата во Република Северна Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика;
-даден репроматеријал без надоместок (семенски материјал и производи за заштита на растенија во расадопроизводство), во согласност со закон.
Кај обврзниците кои остваруваат доход од самостојна дејност, признавање на трошоците при составување на Годишниот даночниот биланс за 2021 година (образец ДЛД-ДБ) за:
-репрезентација во висина од 10%;
-уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување за една календарска година за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина од една просечна месечна бруто-плата во Република Северна Македонија, објавена во јануари во тековната година според податоците од Државниот завод за статистика;
-платени лабораториски тестови за ковид-19 за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност во износ до 9.000 денари на годишно ниво по вработен.
Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2021 година
М.В