/ Прочитано:

1.188

Новините во Правилникот на АХВ за прометот на храна од животинско потекло

Производителите на храна од животинско потекло сега можат да вршат директно снабдување на мали количини примарни производи од животинско потекло произведени на сопствени фарми, истакна на прес-конференцијата во Стопанската комора Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Директното снабдување на мали количества на примарни производи до крајниот  потрошувач опфаќа: а) директно снабдување на крајниот потрошувач на фарма, место на производство и до домот на локален краен потрошувач; б) директно снабдување на локален малопродажен објект или угостителски објект кој директно го снабдува крајниот потрошувач со посебно означување на потеклото на храната и е во состав на фармата на производство; в) директно снабдување на друг малопродажен објект или угостителски објект специјализирани за тој тип на храна со посебно означување на храната и г) директно снабдување на крајниот потрошувач на саеми и изложби на храна на целата територија на државата.

Со Правилникот е опфатена и храна со традиционални карактеристики,  која е традиционално произведена во Република Северна Македонија и историски се препознава како традиционален производ или се произведува во согласност со кодифицирани или регистрирани технички референции за традиционален процес или според традиционални методи на производство или е заштитена како традиционален производ со закон, истакна Ванчо Новоселски од Секторот за инспекциски надзор во Агенцијата.

Со овој правилник поблиску се пропишуваат:

1) барањата за хигиена на храната за директно снабдување од страна на производителот на мали количества примарни производи до крајните потрошувачи или до локалните малопродажни трговци кои директно го снабдуваат крајниот потрошувач;

2) условите за директно снабдување од страна на производителот на мали количества примарни производи до крајните потрошувачи или до локалните малопродажни трговци кои директно го снабдуваат крајниот потрошувач, директно снабдување од страна на мали производители на мали количини од месо од живина и зајаци заклани на фарма до краен потрошувач или до локален малопродажен објект кој директно снабдува такво месо до краен потрошувач како свежо месо, ловци кои снабдуваат мали количини на дивеч или месо од дивеч директно до краен потрошувач или до локален малопродажен објект кој директно го снабдува крајниот потрошувач;

3) начинот и барањата кои треба да се исполнат за колење на животните надвор од кланица за сопствена потрошувачка во сопственото домаќинство, начинот на водење и содржина на службената евиденција и формата и содржината на барањето за колење надвор од кланица и начинот на вршење на контрола;

4) начинот и барањата кои треба да се исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач;

5) условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот на производство на храна со традиционални карактеристики и

6) условите и барањата кои треба да ги исполнат операторите за храна од мал обем и операторите со храна кои се наоѓаат во подрачја во кои постојат посебни географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за локализирана активност на операторите со храна и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна.

Одредбите на овој правилник се применуваат на производството и ставањето во промет на следните производи од животинско потекло: 1) сурово млеко и производи од млеко; 2) месо добиено при колење на животни; 3) месо од дивеч; 4) производи од месо; 5) мед; 6) конзумни јајца и 7) конзумна риба.

Нов правилник на АХВ за прометот на храна од животинско потекло

M.В