/ Прочитано:

1.155

Новините во Предлог-законот за правда на децата, кој е во собраниска процедура

Во Собранието се поднесени новите измени на Законот за правда на децата, чиј предлагач е Владата. Со предложените измени и дополнувања на Законот се овозможува доуредување на постапката за одобрување на барањето за бесплатна правна помош пред центрите за социјална работа за постапки кои се водат пред центарот за социјална работа и пред Министерството за внатрешни работи.

„Со новиот Закон за бесплатна правна помош во членот 39 е уредено дека одредбите од него нема да се применуваат во обезбедувањето на правна помош на дете, туку ќе се применуваат одредбите од Законот за правда за децата. Воедно е определено дека Министерството за правда врши само исплата на доставениот трошковник и потребните документи од страна на адвокатот кога се работи за правна помош на децата во постапките пред центрите за социјална работа и Министерството за внатрешни работи во согласност со одредбите од Законот за правда на децата.

Од овие причини се наметна потребата од измени и дополнувања на Законот за правда на децата  со  цел  да  се усогласи со одредбите од новиот Закон за бесплатна правна помош.

Воедно, се врши и усогласување со Законот за прекршоците, каде што висината на глобите за прекршоците сторени од страна на физичките лица е драстично намалена и се определува кој надлежен орган води прекршочна постапка и кој изрекува прекршочна санкција“, се вели во законското образложение.

Објаснување на содржината на одредбите на Предлог-законот

Во членот 1 се врши дополнување на член 25 став 6 на начин што се прецизира дека центарот за социјални работи е надлежен да носи решение за одобрување на бесплатна правна помош за заштита на правата на децата во постапка пред центарот каде што е задолжително присуството на адвокат.

Во член 2 се додава нов член 25-а со кој се уредува постапката за одобрување на барањето за бесплатна правна помош од страна на центарот и начинот на постапување на адвокатот во врска со наплата на надоместокот пред Министерството за правда.

Во член 3 се врши дополнување на член 116 став 11 на начин што се прецизира дека центарот за социјални работи е надлежен да носи решение за одобрување на бесплатна правна помош за заштита на правата на децата во постапка пред Министерство за внатрешни работи каде што разговорот со детето задолжително се води во присуство на неговиот бранител и родители/и/от, односно законскиот застапник.

Во член 4 се врши усогласување со Законот за прекршоците (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 96/19), односно се намалува висината на глобата за детето.

Во член 5 се додава нов член 116-а со кој се уредува постапката за одобрување на барањето за бесплатна правна помош од страна на центарот и начинот на постапување на овластеното службено лице на Министерството за внатрешни работи и адвокатот во врска со наплата на надоместокот пред Министерството за правда, како и постапката по жалба и поведување на управен спор.

Во член 6 се определува висината на глобата која што може да му се изрече за прекршок на родители/и/от, односно старатели/и/от кој не соработува во исполнување на определените обврски на детето  кои се однесуваат на мерката засилен надзор.

Во член 7  се додава нов член 160-а со кој за прекршоците утврдени со овој закон постапува надлежен суд.

Во член 8 се определува  рокот во кој министерот за труд и социјална политика треба да го донесе подзаконскиот акт со кој се пропишува образецот на барањето за бесплатна правна помош.

Во член 9 се определува кога измените на законот  стапуваат во сила.

Законот за правда за децата ќе се усогласува со европската регулатива

Законот за правда на децата ќе се усогласува со Законот за бесплатна правна помош

Предложено дополнување на Законот за правда за децата по скратена постапка

Новиот Закон за бесплатна правна помош е успех за граѓанските организации вклучени во неговото креирање

Нов Закон за бесплатна правна помош за еднаков пристап до правдата

Министерството за правда најавува Предлог- закон за бесплатна правна помош

МЗМП: Во Собранието на РМ на иницијатива на неколку граѓански организации се одржа јавна расправа за Предлог – законот за бесплатна  правна помош

АКРМ: По реакциите на Адвокатската комора, Предлог-законот за бесплатна правна помош се враќа на доработка во Министерството за правда

М.В