Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и министерката за правда, Рената Дескоска, на заедничка прес-конференција најавија дека во владина постапка влегува Законот за прекршоци, во кој се предвидуваат измени за намалување на висината на казните за правните и физичките лица, со што се воведува разумна казнена политика.
На прес-конференцијата присуствуваше и извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, која во името на бизнис-заедницата ги изнесе ставовите и ги поздрави предложените измени во новиот Закон за прекршоци.
На прес-конференцијата беше истакнато дека со новиот закон се реализира едно важно ветување дадено пред граѓаните за намалување на казнената политика и воведувањето на превенцијата пред казнувањето и пропорционалност на казните во однос на остварените приходи на деловните субјекти.
Се предвидува намалување на глобите за физичките лица за 75%. Со новото решение минималната глоба за физичко лице е 15 евра, а максималната глоба ќе биде 250 евра, наместо досегашните 1.000 евра. За правните лица, при одмерување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, за број на вработени и за претходно санкционирање за исти или слични прекршоци. Во Законот првпат се прави градација помеѓу малите, средните и големите претпријатија.
„Казнената политика нема да биде политика за полнење на буџетот, туку казнената политика ќе биде насочена кон опомена на оние коишто згрешиле“, беше истакнато на настанот.
Овој закон ќе ги одреди рамките на казнената политика – висината на глобите за физичките и правните лица. Она што е особено значајно е тоа дека сега акцентот ќе се стави на опомената наспроти казнувањето, нешто што беше пракса во минатото.
Околу 200 закони во кои е уредена висината на казната ќе треба да се усогласат со Законот за прекршоци и нема да смеат да го надминат утврдениот минимум и максимум. Доколку казната за нерегистрирано возило изнесувала 500 евра, со новиот закон ќе изнесува 250 евра, казната за технички неисправно возило сега изнесува 400 евра, со новиот закон не смее да надминува 250 евра, за предизвикување бучава казната сега изнесува 450 евра, со новиот закон сега казната нема да смее да надмине 250 евра.
Остануваат високи казните за прекршоци кои предизвикуваат општествена опасност, како и оние коишто се против животната средина и уништувањето на културното богатство.
Од Стопанската комора на Македонија велат дека Законот за прекршоци е од особен интерес за претставниците на бизнис-заедницата и треба да биде коректив и поттик за деловните субјекти да можат да го коригираат своето работење и да ги исполнуваат сите предвидени законски обврски. Бизнис-заедницата има важна улога во процесот на креирање на законското решение.
Глобите се прават пропорционални на тежината на прекршокот, беше истакнато на настанот, а казната за прекршок не треба да им го отежни животот на граѓаните, туку да доведе до корекција на нивното однесување.
Се предвидува намалување на глобите за физичките лица за 75%. Со новото решение минималната глоба за физичко лице е 15 евра, а максималната глоба ќе биде 250 евра, наместо досегашните 1.000 евра.
За правните лица, при одмерување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, број на вработени и претходно санкционирање за исти или слични прекршоци.
Во законот првпат се прави градација помеѓу малите, средни и големи претпријатија.
За малите претпријатија минималната глоба ќе биде 50 евра, а максималната 2,000 евра. За споредба, во стариот закон максималната глоба изнесуваше 5.000 евра, што значи дека глобите за малите претпријатија се намалуваат за два и пол пати.
За средните и големите претпријатија минималната изречена глоба ќе биде 250 евра, додека максималниот износ на изречена глоба не може да биде поголем од 10.000 евра.
Според постојниот Закон за прекршоците, трговецот поединец се третира како правно лице и му се изрекува двојна санкција, и како правно лице и како одговорно лице во правното лице. Ова се надминува со новиот закон бидејќи трговецот поединец ќе се третира во согласност со Законот за трговските друштва како физичко лице.
Сепак, за одредени прекршоци ќе мора и ќе може да се изрекуваат и повисоки глоби, и тоа:
– За прекршоци од областа на даноците, царините, јавните набавки, јавните финансии и јавниот долг може да се пропише глоба во поголем износ во зависност од затаената давачка или износ на набавката, но најмногу во двократен износ. Тоа е интерес од јавен карактер, каде што буквално се избегнуваат големи даноци или е јавна набавка каде што има влијание јавен функционер.
– За прекршоци во областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културното наследство, заштита од природни и други непогоди може да се пропише трикратен износ на глоба. Со тоа правиме јасна дистинкција што е важно, а што е човечно во прекршочната постапка
– За прекршоци од областа на конкуренција, енергетика, електронски комуникации, трговија со забранети или ограничени стоки за употреба може да се пропише глоба до 2.500 евра за физичко лице или 10% од приходот на правното лице во претходната година.
Пред глоба, може да се изрече опомена. Опомена се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишана обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата. Или, во случаи кога прекршокот е сторен за прв пат и не предизвикал штетни последици, ниту го загрозил јавниот интерес.
Од Владата велат дека инспекциските служби нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци, а едукацијата по изречената опомена нема да биде формален, туку вистински инструмент за почитување на законот, за поспокојни даночни обврзници.
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции
М.В