/ Прочитано:

1.550

Новините за непосредното поставување прашања од страна на странката, застапникот и полномошникот во парничната постапка

Со измените и дополнувањата на членот 287 од Законот за парничната постапка, се пропишува дека странката, нејзиниот законски застапник или полномошник има право непосредно да им поставува прашања на сведоците, вештаците и на странките. Измените на овој член ќе започнат да се применуваат од 31 јануари 2016 година.

pravosudstvo.jpg

Според новите законски измени за парничната постапка, странката, нејзиниот законски застапник или полномошник ќе имаат право непосредно да им поставуваат прашања на сведоците, вештаците и на странките.

Странката, нејзиниот законски застапник или полномошник која го предложила сведокот, вештакот и сослушување на странки, прва поставува прашања, а потоа прашања поставува противната странка.

Претседателот на советот ќе и забрани на странката поставување на определено прашање или ќе забрани одговор на поставено прашање, ако во прашањето е веќе содржано како треба да се одговори на него или ако прашањето не се однесува на предметот.

Ако претседателот на советот забрани поставување на определено прашање или давање на одговор, странката може да бара за тоа да одлучи советот.

На барање од странката во записникот ќе се внесе прашањето што советот го одбил, како и прашањето на кое е забранет одговорот.

Кога странката, нејзиниот законски застапник или полномошник, ќе заврши со поставување на прашања, претседателот на советот може да поставува прашања на сведокот, вештакот или странката, а потоа членовите на советот можат непосредно да му поставуваат прашања.

Во законското образложение во врска со овие новини се вели дека со ваквото решение се зголемува активната улога на странките во постапката и се зголемува нивната одговорност за успехот во спорот.

„Исто така, со ваквото решение се се регулира редоследот по кој странките го остваруваат ова законско право. Согласно новите законски решенија, само кога странката, нејзиниот законски застапник или полномошник ќе заврши со поставување на прашања, претседателот на советот може да поставува  прашања на сведокот, вештакот или странката, а потоа и членовите на советот можат непосредно да му поставуваат прашања“, се посочува во образложението.

Новините во Законот на парничната постапка за постапката по платен налог

M.В