/ Прочитано:

1.005

Новиот член на ССРМ, Шаини од денеска ќе стапи на новата функција

Четврток, 20 јуни 2013 – Досегашниот претседател на Основен суд Скопје 2 и новоизбран член на Судскиот совет на Република Македонија (ССРМ) Беќир Шаини, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Шаини ќе стапи на новата функција по давањето свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија.

Давањето свечена изјава е во 11 часот, во Охридската сала на Собранието.

Шаини доаѓа на местото на досегашниот член  Неџат Ајро на кого му престанува мандатот поради исполнување на услови за  старосна пензија.

Се’ уште е непозната одлуката на ССРМ кој ќе го наследи Шаини на раководното место во најголемиот суд во државата.