/ Прочитано:

1.286

Новиот модел на истражната постапка согласно новиот ЗКП од 2010 година

Автор: Иван Николов, студент на постдипломски студии, Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, Правен факултет

Извршувањето на кривични дела од страна на сторителите не може да помине без казнување. Меѓутоа, за да дојде до изведување на осомниченото лице пред судот на правдата потребно е водење на сеопфатна истражна постапка. Како ќе се поведе судска постапка и како таа ќе заврши зависи од тоа дали јавниот обвинител ќе поднесе обвинение против определени лица. Согласно ЗКП од 2010 година истражната постапка ја води надлежниот јавен обвинител. При водењето на истражната постапка се преземаат голем број на истражни дејства сè со цел за правилно утврдување на материјалната вистина и собирање на доволен број на докази. Јавниот обвинител при собирање на доказите во истрага може да примени голем број на истражни дејствија определени со ЗКП, како што се посебните истражни дејствија кои се изрекуваат од страна на судијата на претходна постапка. При спроведување на истражната постапка на јавниот обвинител на располагање му стои правосудната полиција и сите останати институции кои може да му помогнат при собирањето на релевантни докази во постапката. Во која насока ќе се движи истрагата и какви докази ќе собира, зависи исклучиво јавниот обвинител. Јавниот обвинител е единствен овластен орган за гонење на кривични дела кои се гонат по службена должност.

Целосниот текст на трудот на следниот линк.