Новиот Предлог-кодекс за административни службеници ставен на јавен увид
„Една од заложбите на Владата на Република Северна Македонија е и враќање на довербата во институциите, а од друга страна на Кодексот, кој како подзаконски акт е донесен во 2014 година, не е направена оцена за неговата примена, па се наметна потребата за спроведување на ваква активност од која произлезе донесување на нов Кодекс на административни службеници“, посочуваат од МИОА.
„Со овој кодекс се пропишуваат етичките стандарди и правилата на однесување на административните службеници и правила кои се однесуваат на корупција, непотизам, кронизам и клиентелизам.
Целта на овој кодекс е поттикнување на доброто постапување и однесување на административните службеници, зајакнување на довербата на граѓаните во работата на институциите на јавниот сектор и превенција и сузбивање на појавите на корупција, непотизам, кронизам и клиентелизам.
Етичките стандарди и правилата на однесување административниот службеник ги применува во односите со колегите, со претпоставените и со странките, на неговото работно место, но и во приватниот живот и јавноста.
За непочитување на одредбите на овој кодекс, административниот службеник одговара дисциплински, согласно Законот за административни службеници“, се вели во Кодексот, кој во целост може да се преземе на следниот линк.
„Заради одржување на јавна расправа, Министерство за информатичко општество и администрација ги известува засегнатите страни дека Предлог-кодексот за административни службеници се става на јавен увид.
Јавниот увид во Предлог-кодексот за административни службеници може да се изврши на следната електронска адреса: www.ener.gov.mk или во просториите на Министерство за информатичко општество и администрација, почнувајќи од 8.4.2021 заклучно со 23.4.2021.
Јавната расправа за Предлог-кодексот за административни службеници ќе се одржи на 28.4.2021, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа“, информираат од МИОА.
Агенцијата за администрација во годишниот извештај нотира низа проблеми
М.В