Новиот Предлог-закон за медијација на второ читање пред Законодавно-правната комисија
На дневен ред на Законодавно-правната комисија е новиот Предлог-закон за медијација, кој е во фаза на второ читање.
Целта на Предлог-законот за медијација, се вели во законското образложение, е приближување на земјата кон Европската Унија, која пак, во ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става на алтернативното решавање на споровите и на медијацијата како еден од нив.
„Со унапредувањето на законското решение ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, ќе се овозможи уедначена примена на законските одредби од страна сите медијатори, ќе се промовира медијацијата и резултатите од нејзината примена.
Во Предлогот разработени се начелата на медијацијата целосно усогласени со Директивата на Европската Унија 2008/52/ЕС за медијација во граѓанските и стопанските спорови, како што се: начелото на доброволност на медијацијата, начелата на рамноправност и неформалност, непристрасност, доверливост, достапноста на информациите од медијацијата во другите постапки, еднаквост на страните, правичност, ефикасност и економичност. Со предложениот Закон за медијација ќе се надминат констатираните слабости на постојниот закон, номотехнички и содржински ќе се преуреди структурата на законот преку допрецизирање на законските одредби, а голем дел од одредбите целосно се изменуваат со нови законски решенија. Се воведува новина во однос на начинот на полагање на испитот за медијатор пред комисија, што ќе влијае на создавање на квалитетен, стручен и обучен кадар, кој успешно ќе ги извршува работите од областа на медијацијата. Ќе се востанови Централен електронски регистар за бројот на примени барања за медијација и нивниот тек, кои податоци се статистички корисни и ќе ги дадат параметрите на применливоста и успешноста на медијацијата во пракса и ќе се овозможи врз основа на запишаните предмети во Регистарот медијаторот да го оствари правото на субвенционирање на постапките за медијација. Се доуредува составот, надлежноста и начинот на работењето на Одборот за медијација, како тело надлежно за работите на медијацијата“, се образложува во Предлог-законот.
Новите решенија што ги нуди новиот текст на Законот за медијација, како и одредбите од постојниот закон кои се доуредени, ќе ја зајакнат медијацијата во нашата држава, со што таа ќе си го обезбеди заслуженото место, ќе ја зајакне правната сигурност на граѓанинот и ќе му овозможи на многу побрз и сигурен начин да ги оствари своите права и интереси.
„Предлогот на Законот за медијација содржи 74 законски одредби чија основна цел е успешно функционирање на медијацијата во РМ и создавање на една современа правна рамка во која преку адекватни законски решенија ќе се влијае на медијацијата да прерасне во успешен и применлив концепт за решавање на спорни односи помеѓу засегнатите страни“, се додава во образложението.
Министерство за правда: Потпишувањето на Сингапурската конвенција за медијација е историски настан
Новиот Закон за медијација со европско знаменце во собраниска процедура
Целта на Законот за медијација е приближување на земјата кон ЕУ, се вели во законското образложение
Драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите
Европска конференција за медијација во Скопје
Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата
Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд
Министерството за правда подготвува Закон за медијација
Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови
ЗА УЛОГАТА НА АДВОКАТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА МЕДИЈАЦИЈА: Интервју со адвокатот Јане Илијески
АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата
АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА: Медијацијата нуди прифатливи решенија за компаниите
Научно толкување на членот 66 од Преодните и завршни одредби на Законот за медијација
М.В