/ Прочитано:

1.559

Новиот Предлог-закон за правосудниот испит во собраниска процедура

Новиот Предлог-закон за правосудниот испит, чиј предлагач е Владата, е во собраниска процедура. Со донесување на Предлог-законот, се вели во законското образложение, ќе се постапи по насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор во однос на укинување на електронскиот начин на полагање на правосудниот испит и воведување на писмено и усно полагање на кандидатите пред стручна комисија, врз основа на мерила и објективни критериуми за процена на нивните знаења.

„Донесувањето на Закон за правосуден испит произлегува од потребата за реформа на судството во Република Северна Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Северна Македонија за членство во ЕУ и НАТО и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани  на европските стандарди.

Основната  намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија налага продолжување на реформите во областа судство и негово натамошно унапредување.

Основната цел на предлагањето на овој закон е укинување на електронскиот начин на полагање на правосудниот испит и воведување на писмено и усно полагање на кандидатите пред стручна комисија, врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на нивните знаења.

Од наведените причини, се оцени дека е неопходно да се пристапи кон изработка на нов текст на закон од причина што се менува концептот на полагање и истиот би претрпел менување на повеќе од 80% од одредбите.

Текстот на Законот беше на мислење на надлежните институции“, се наведува во образложението на Предлог-законот.

Министерството за правда за новиот начин на полагање на правосудниот испит

ОБЈАВЕН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ: Испитот ќе се полага усно и писмено наместо електронски

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ: Правосудниот испит ќе се полага усно и писмено пред стручна комисија

ИЗМЕНИ ВО НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ: Да се биде правник подразбира и умешност за вербално изразување

Барање за автентично толкување на одредба од Законот за правосудниот испит за која Владата дава мислење дека е јасна и прецизна

 СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР

Ставовите и предизвиците на младите правници и студентите по право за правничкото образование, приправничкиот стаж и правосудниот испит

М.В