/ Прочитано:

1.616

Новиот Закон за јавното обвинителство е објавен на Академика

Новиот Закон за јавното обвинителство е објавен на Академика. Со овој закон се уредуваат основањето, надлежноста, организацијата, функционирањето и укинувањето на јавното обвинителство, основите и постапката за именување и разрешување на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, основите за престанок на функцијата јавен обвинител на Република Северна Македонија, основите за избор, разрешување и дисциплинска постапка на јавните обвинители, основите за престанок на функцијата јавен обвинител, како и други прашања во врска со работата на јавното обвинителство.

Јавното обвинителство, се пропишува во Законот, е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон.

Јавното обвинителство се организира според принципите на хиерархија и субординација. Јавното обвинителство е самостоен државен орган. Почитувањето на принципите не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата.