/ Прочитано:

2.186

Новиот Закон за класифицирани информации со европско знаменце во собраниска процедура

Владата го поднесе новиот Предлог-закон  за класифицирани информации во Собранието. Целта на Предлог-законот за класифицирани информации е уредување на системот за заштита на класифицирани информации, со одржување на високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ.

„Во новиот Предлог-закон за класифицирани информации се дадени решенија насочени кон одржување високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ, следење на тековните трендови во практиките при ракувањето со класифицираните информации, како и кон прецизирање на одредени прашања поврзани со други области што се во корелација со работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Во предложените измени и новите решенија во Предлог-законот за класифицирани информации, акцентот пред сè е на усогласувањето со Законот за инспекциски надзор, обезбедувањето заштита на лицата кои ќе пријават класифицирана информацијата со која се прикрива пречекорување на овластување, злоупотреба на функцијата или некое друго незаконско дејствие, односно казниво дело до надлежен орган согласно Законот за заштита на укажувачите, како и пополнување на постојната правна празнина со додавање инкриминации за лицата што ќе оддадат класифицирана информација со понизок степен на класификација од „државна тајна“ (во моментов во Кривичниот законик постои инкриминација само за оддавање на државна тајна, но не и за класифицирани информации со пониските степени на класификација).

Во Предлог-законот за класифицирани информации се прецизираат и одредени прашања од доменот на работата на надлежностите на Дирекцијата што произлегуваат од започнатите пристапни разговори со НАТО“, се вели во законското образложение.

Нов закон кој се однесува на системот за заштита на класифицирани информации

Најавен нов Закон за класифицирани информации усогласен со регулативите на НАТО и ЕУ

М.В