/ Прочитано:

2.127

Новиот Закон за медијација со европско знаменце во собраниска процедура

Новиот Предлог-закон за медијација, чиј предлагач е Владата, е во собраниска процедура со европско знаменце. Целта на Предлог-законот за медијација е приближување на земјата кон Европската Унија, која пак во ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации акцентот го става на алтернативното решавање на споровите и медијацијата како еден од нив.

„Со унапредувањето на законското решение ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, ќе се овозможи воедначена примена на законските одредби од страна сите медијатори, ќе се промовира медијацијата и резултатите од нејзината примена.

Во Предлогот разработени се начелата на медијацијата, целосно усогласени со Директивата на Европската Унија 2008/52/ЕС за медијација во граѓанските и стопанските спорови, како што се начелото на доброволност на медијацијата, начелата на рамноправност и неформалност, непристрасност, доверливост, достапноста на информациите од медијацијата во другите постапки, еднаквост на страните, правичност, ефикасност и економичност.

Со предложениот Закон за медијација ќе се надминат констатираните слабости на постојниот закон, номотехнички и содржински ќе се преуреди структурата на законот преку допрецизирање на законските одредби, а голем  дел од одредбите целосно се изменуваат со нови законски решенија. Се воведува новина во однос на начинот на полагање на испитот за медијатор пред комисија што ќе влијае на создавање на квалитетен, стручен и обучен кадар, кој успешно ќе ги извршува работите од областа на медијацијата.

Ќе се востанови Централен електронски регистар за бројот на примени барања за медијација и нивниот тек, кои податоци се статистички корисни и ќе ги дадат параметрите на применливоста и успешноста на медијацијата во пракса и ќе се овозможи, врз основа на запишаните предмети во Регистарот, медијаторот да го оствари правото на субвенционирање на постапките за медијација. Се доуредува составот, надлежноста и начинот на работењето на Одборот за медијација, како тело надлежно за работите на медијацијата.

Новите решенија што ги нуди новиот текст на Законот за медијација, како и доуредените одредби од постојниот закон, ќе ја зајакне медијацијата во нашата држава и ќе го обезбеди заслуженото место, а од друга страна ќе зајакне правната сигурност на граѓанинот и ќе му овозможи на многу побрз и сигурен начин, да ги оствари своите права и интереси.

Предлог на Законот за медијацијата содржи 74 законски одредби, чија основна цел е успешно функционирање на медијацијата во РМ и создавање на една современа правна рамка во која преку адекватни законски решенија ќе се влијае на медијацијата да прерасне во успешен и применлив концепт за решавање на спорни односи помеѓу засегнатите страни“, се вели во законското образложение.

Целта на Законот за медијација е приближување на земјата кон ЕУ, се вели во законското образложение

Драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите

Европска конференција за медијација во Скопје

Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата

Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд

Јавна расправа за Предлог-законот за медијација: Законското решение има недостатоци и треба да се доработи

Министерството за правда подготвува Закон за медијација

Регионални искуства за медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови

Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови

„Време е превезот врз очите на божицата на правдата да не биде само моден детаљ“ – д-р Срѓан Шимац за предизвиците на правото од аспект на медијацијата

ЗА УЛОГАТА НА АДВОКАТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА МЕДИЈАЦИЈА: Интервју со адвокатот Јане Илијески

Медијацијата нуди многу предности за граѓаните и за деловните субјекти – интервју со д-р Зоран Вучев, лиценциран медијатор

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ВОНСУДСКИ ПОСТАПКИ И ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА: Европскиот парламент и Советот на ЕУ за медијацијата во граѓанските и трговските спорови

Начела на медијацијата

Мислењата на анкетираните судии за медијацијата – извештај за примената на алтернативното решавање на спорови

АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА: Медијацијата нуди прифатливи решенија за компаниите

Научно толкување на членот 66 од Преодните и завршни одредби на Законот за медијација

ЗАСТАПНИЦИТЕ ДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВАТ: Судијката Антоанета Димовска за примената на новите измени во ЗПП

М.В