/ Прочитано:

1.084

Новиот Закон за медијација во собраниска процедура со европско знаменце

Целта на Предлог-законот за медијација, се вели во законското образложение, е приближување на земјата кон Европската Унија, која пак, во ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става на алтернативното решавање на споровите и на медијацијата како едно од нив.

Со унапредувањето на законското решение, се вели во Предлог-законот чиј предлагач е Владата, ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, ќе се овозможи уедначена примена на законските одредби од страна на сите медијатори, ќе се промовира медијацијата, како и резултатите од нејзината примена.

„Во Предлогот разработени се начелата на медијацијата целосно усогласени со Директивата на Европската Унија 2008/52/ЕС за медијација во граѓанските и стопанските спорови, како што се начелото на доброволност на медијацијата, начелата на рамноправност и неформалност, непристрасност, доверливост, достапноста на информациите од медијацијата во другите постапки, еднаквост на страните, правичност, ефикасност и економичност. Со предложениот Закон за медијација ќе се надминат констатираните слабости на постојниот закон, номотехнички и содржински ќе се преуреди структурата на законот преку допрецизирање на законските одредби, а голем  дел од одредбите целосно се изменуваат со нови законски решенија. Се воведува новина во однос на начинот на полагање на испитот за медијатор пред комисија, што ќе влијае на создавање на квалитетен, стручен и обучен кадар кој успешно ќе ги извршува работите од областа на медијацијата. Внесот на сите примени барања за медијација во Електронскиот регистар станува задолжителен, како и податоци за натамошниот тек на постапката, а податоците се покажаа исклучително статистички корисни, од кои може да се генерираат параметрите на применливоста и успешноста на медијацијата во пракса и ќе се овозможи врз основа на запишаните предмети во Регистарот медијаторот да го оствари правото на субвенционирање на постапките за медијација. Се менува статусот на владиното тело надлежно за следење на квалитетот на медијацијата, се уредува составот, надлежноста и начинот на работењето на Националниот совет“, се вели во образложението на Предлог-законот.

Новите решенија што ги нуди новиот текст на Законот за медијација, преку доуредување и надградување на одредбите од постојниот закон, ќе ја зајакнат довербата  во употребата на медијацијата во нашата држава, со што таа ќе го обезбеди заслуженото место во општеството, а од друга страна ќе се зајакне правната сигурност на граѓанинот и ќе му се овозможи на многу побрз и сигурен начин, да ги оствари своите права и интереси.

„Предлогот на Законот за медијација содржи 74 законски одредби, чија основна цел е успешно функционирање на медијацијата во Република Македонија и создавање на една современа правна рамка, во која преку адекватни законски решенија ќе се влијае на медијацијата да прерасне во успешен и применлив концепт за решавање на спорни односи помеѓу засегнатите страни“, се додава во образложението.

Маричиќ: Медијацијата мора да биде повеќе застапена како метод за решавање на судските спорови

Нов Предлог-закон за медијација, чија цел е приближување на земјата кон ЕУ

Подготовката на новиот Закон за медијација е во завршна фаза

Е-Регистар за евидентирање предмети на медијација

Комората на медијатори и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Расте бројот на предмети решени со медијација

Новиот Предлог-закон за медијација на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Министерство за правда: Потпишувањето на Сингапурската конвенција за медијација е историски настан

Новиот Закон за медијација со европско знаменце во собраниска процедура

Целта на Законот за медијација е приближување на земјата кон ЕУ, се вели во законското образложение

Драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите

Европска конференција за медијација во Скопје

Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата

Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд

Јавна расправа за Предлог-законот за медијација: Законското решение има недостатоци и треба да се доработи

Министерството за правда подготвува Закон за медијација

Регионални искуства за медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови

Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови

„Време е превезот врз очите на божицата на правдата да не биде само моден детаљ“ – д-р Срѓан Шимац за предизвиците на правото од аспект на медијацијата

ЗА УЛОГАТА НА АДВОКАТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА МЕДИЈАЦИЈА: Интервју со адвокатот Јане Илијески

Медијацијата нуди многу предности за граѓаните и за деловните субјекти – интервју со д-р Зоран Вучев, лиценциран медијатор

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ВОНСУДСКИ ПОСТАПКИ И ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА: Европскиот парламент и Советот на ЕУ за медијацијата во граѓанските и трговските спорови

Начела на медијацијата

Мислењата на анкетираните судии за медијацијата – извештај за примената на алтернативното решавање на спорови

АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА: Медијацијата нуди прифатливи решенија за компаниите

Научно толкување на членот 66 од Преодните и завршни одредби на Законот за медијација

ЗАСТАПНИЦИТЕ ДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВАТ: Судијката Антоанета Димовска за примената на новите измени во ЗПП

М.В