/ Прочитано:

2.367

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

Министерството за правда известува дека е започната подготовката на Законот за попис, односно, како што го најавуваат од Министерството, Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2020 година.

Основната цел на Законот е спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите. Целосниот текст на Законот треба да биде поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија.

Според најавите од Државниот завод за статистика, пробниот попис ќе биде спроведен во април 2019 година во 32 пописни подрачја, а пописот на населението во Македонија ќе се спроведе во април 2020 година. Можно е при пописот да нема прашање за етничката и за верската припадност бидејќи, како што посочуваат од Заводот,  тие податоци немаат употребна вредност и се подложни на политички злоупотреби.

М.В