/ Прочитано:

640

Новиот Закон за потекло на имот ќе се испрати на мислење до Венецијанската комисија

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во рамките на својата работна посета на Стразбур, оствари средба со првите луѓе на Венецијанската комисија. На состанокот со секретарката на Комисијата, Симона Граната-Менгини, беше повторено дека мислењата кои ги дава Венецијанската комисија се од исклучително значење за земјата со цел подобрување на текстот на законите.

По средбата, во изјава за МИА, Маричиќ кажа дека неколку нови закони ќе бидат испратени на мислење до Комисијата.

„Имавме многу важна средба со претставниците на Венецијанската комисија на која разговаравме за законите кои веќе се испратени до нив на мислење, но и за оние кои наскоро ќе ги пратиме, како што е Законот за потекло на имот, но и Кривичниот законик и Законот за кривичната постапка. Нивното мислење многу ни значи со цел да направиме подобри и поквалитетни закони“, изјави Маричиќ.

Маричиќ: Во подготовка е нов Кривичен законик и нов Закон за потекло на имот

Антикорупциската комисија предлага донесување на Закон за потекло на имотот