/ Прочитано:

1.230

Новиот Закон за правосудниот испит објавен на Академика

Новиот Закон за правосудниот испит е објавен на Академика. Со Законот за правосудниот испит се уредуваат условите и постапката за полагање на правосудниот испит.

Испитот се полага заради проверка на стручната оспособеност на лицата кои имаат завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1, како и лицата кои студирале правни студии според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) за самостојна примена на прописите во практиката и вршење на правни работи за кои со закон е предвиден тој услов.

Судовите, јавните обвинителства, адвокатите, нотарите, извршителите, Државното правобранителство на Република Северна Македонија и Народниот правобранител на Република Северна Македонија можат да примаат на практика дипломирани правници, ако практиката им е потребна за стручно оспособување и за стекнување на услови за полагање на испитот.

Клучната новина во Законот за правосудниот испит е во врска со начинот на полагање. Имено, се укинува електронскиот начин на полагање на испитот и се воведува писмено и усно полагање пред стручна комисија, врз основа на објективни мерила и критериуми за процена на знаењата на кандидатите.

10 години Академик

Дополнетиот Предлог-закон за правосудниот испит на собраниска седница

Предлог-законот за правосудниот испит на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Новиот Предлог-закон за правосудниот испит во собраниска процедура

Министерството за правда за новиот начин на полагање на правосудниот испит

ОБЈАВЕН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ: Испитот ќе се полага усно и писмено наместо електронски

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ: Правосудниот испит ќе се полага усно и писмено пред стручна комисија

ИЗМЕНИ ВО НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ: Да се биде правник подразбира и умешност за вербално изразување

Барање за автентично толкување на одредба од Законот за правосудниот испит за која Владата дава мислење дека е јасна и прецизна

 СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР

Ставовите и предизвиците на младите правници и студентите по право за правничкото образование, приправничкиот стаж и правосудниот испит

М.В