/ Прочитано:

2.704

Новиот Закон за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на РМ e објавен на akademika.com.mk

Петок, 25 јануари 2013 Новиот Закон за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија е објавен на akademika.com.mk. Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории над кои права, должности и одговорности во поглед на користењето, управувањето и располагањето има Република Македонија.

Под деловен простор, во смисла на овој закон, се смета деловниот простор: 

1) даден на стопанисување на трговски друштва основани од државата;  2) во сопственост или даден на користење на фондови, агенции, дирекции, јавни претпријатија, јавни установи, независни регулаторни тела основани од државата и други институции основани од државатa и  3) во сопственост или даден на користење на трговски друштва во доминантна сопственост на државата.

Продажбата и давањето под закуп на деловниот простор се врши според пазарната вредност на деловниот простор која се утврдува согласно со Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот. 

 Oвој закон влегува на сила 31.01.2013.

>> Целoсниот текст на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија можете да го проследите на akademika.com.mk.