/Прочитано:

693

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во собраниска процедура

Владата во Собранието на РМ го поднесе новиот Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација. Цел на овој закон е обезбeдување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Со овој закон се уредуваат превенцијата и  забраната од дискриминација, облиците и видовите дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и  составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Со цел подобрување на  законската регулатива и нејзино усогласување со   правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација, се отвори процес на подготовка на нов текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Концептот и содржината на законот се базирани врз меѓународните норми и стандарди содржани во повеќето меѓународни документи усвоени од страна на ООН, Европската Унија,  Советот на Европа и Уставот на Република Македонија, кои се основа за дефинирање на обезбедување механизам на мерки и активности за правна заштита во случај на појава на дискриминација. Притоа се користени и искуствата од компаративниот преглед на регулативата од другите земји во кои се донесени и во кои се во сила вакви  закони“, се образложува во Предлог-законот.

Со новиот текст на законот, се додава понатаму во законското образложение, се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација при имплементацијата на законот.

Во новиот текст на законот се прошируваат основите за дискриминација, се менуваат и подобро се дефинираат поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација и се менуваат називот и надлежноста на комисијата во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба освен на заштита да работи и на превенцијата. Се доуредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови.

Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и action popularis. Исто така, се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки.

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација презентиран во МТСП

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура

Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди

Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

М.В