/ Прочитано:

1.297

Новиот Закон за заштита на личните податоци во собраниска процедура со европско знаменце

Новиот Закон за заштита на личните податоци е во собраниска процедура по скратена постапка и со европско знаменце. Предлог-законот е на разгледување и пред Законодавно-правната комисија.  Целта на предложеното законско решение е усогласување со европската регулатива.

Во рамки на Европската Унија е донесена Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот за заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци и слободното движење на овие податоци и за укинување на Директивата 95/46/ЕЗ (Општа регулатива за заштита на личните податоци).

Со оваа Регулатива, се образложува во Предлог-законот , се воведуваат нови решенија во однос на обработката на личните податоци од кои позначајни ќе бидат и воедно ќе се рефлектираат во областа на заштитата на личните податоци и тоа:

– начелото на отчетност и одговорност, и тоа како на ниво на контролор/обработувач така и на ниво на држава;

– дополнителни обврски за контролорите, односно обработувачите за воспоставување на институтите приватност при дизајнирање на информациски системи кои обработуваат лични податоци и проценка на влијанието на предвидените процеси на обработка во однос на заштитата на личните податоци;

– контролен механизам на органите за заштита на личните податоци за нивно консултирање во однос на предлози за било какви законски или подзаконски акти кои вклучуваат обработка на личните податоци;

– обврска за обезбедување дека органите за заштита на личните податоци ќе ги имаат сите неопходни ресурси за ефективно извршување на нивните функции и да ги извршуваат нивните овластувања, како и нагласување на нивното самостојно, независно и непристрасно функционирање.

„Поради ваквите констелации во Советот на Европа и во Европската Унија, се предлага донесување на нов Закон за заштита на личните податоци кој ќе биде во функција на подготвување на Република Северна Македонија за исполнување на новите начела и стандарди во областа на заштитата на личните податоци“, се посочува во законското образложение.

Утврден текстот на Предлог-законот за заштита на личните податоци

Министерство за правда го подготвува новиот Закон за заштита на личните податоци

M.В