/ Прочитано:

2.774

Новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објавени на Академика

 

Најновите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се објавени на Академика. Со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се уредуваат правата, обврските и одговорноста на радиодифузерите, давателите на аудиовизуелните медиумски услуги и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои ги емитуваат или реемитуваат програмските сервиси на радиодифузерите.

Последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се однесуваат на работењето и финансирањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, мерките во случај на повреда на прописите, посебните забрани, обврските на радиодифузерите за емитување програма на македонски јазик или на јазиците на заедниците во Република Македонија, забраната за рекламирање, обврските на операторите кои реемитуваат програмски сервиси, како и на повеќе прашања во врска со МРТ.