Новите измени на Законот за катастар на недвижности наскоро во владина процедура
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, Борис Тунџев, оствари работна средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Тие разговараа за активностите што ги презема АКН како сервис на граѓаните, за новите законски измени во Законот за катастар на недвижности, како и за оние што претстојат во однос на легализацијата, за што и најмногу се заинтересирани граѓаните.
Министерот Сугарески информираше дека најавениот нов Закон за легализација на дивоградби изградени до октомври 2019 година сè уште се дефинира. Набргу ќе биде доставен до Владата, но нема да создаде урбанистички хаос и да овозможи легализација на сите објекти, туку само на оние за кои ќе се исполнат условите.
При дефинирањето на Законот се разгледува и барањето од архитектите да се дозволи легализација само ако објектот е сеизмички изграден. Сè уште се дефинираат одредени работи со Агенцијата за катастар на недвижности, како што се каналските водови, како и со Министерството за животна средина, за да биде во целост доставен во Владата и понатаму, доколку таа го утврди, да оди на гласање во Парламентот.
Дефинирани се работите за цената за комуналии плус 50 проценти како еден вид казна, како и тоа дека ќе бидат ослободени лицата од социјален ризик. Работиме интензивно на работите што не се усогласени со цел најбрзо да биде доставен до Владата, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.
Тој уште еднаш ги отфрли шпекулациите дека со новиот закон ќе се направи целосен урбанистички хаос.
Директорот на АКН Тунџев, пак, рече дека со постојниот закон се спроведени решенија за легализација на 245.544 објекти. Тој очекува со новиот Закон за легализација да се направи посебен исчекор во легализацијата на инфраструктурните објекти. Досега многу мал процент од тие објекти е запишан, а поволност е посебно за оние што имаат инфраструктурни објекти, почнувајќи од електроенергетските компании, оние за телекомуникациски услуги и други професионални компании кои имаат сопствена инфраструктура.
Измени на Законот за катастар на недвижности за подобрување на квалитетот на запишаните податоци
Стратешкиот план на Катастарот за 2019 година ќе се реализира со годишна програма
Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива
Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес
М.В