Новите законски измени за стечајците на владина седница
На дневниот ред на 155. владина седница ќе се разгледува и Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, предложен од Министерството за труд и социјална политика, информираат од Владата.
Министерството за труд и социјална политика во месец јули годинава најави дека подготвува Предлог-закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
„Со новиот закон се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1 јануари 1993 до 30 јуни 2019 година, во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата“, образложија од МТСП.
Во подготовка Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација
До Собранието доставен Предлог-закон за обезбедување надомест за уште 1.600 стечајци
МТСП: Усвоени измените на Законот за стечајци за да се опфатат дополнителни 1.900 лица
МТСП: Усвоен е предлог-законот за стечајци со кој 3.000 лица ќе бидат материјално обезбедени
М.В