/ Прочитано:

1.993

НОВО ОД АКАДЕМИК: Интелектуалната сопственост како човеково право: заштита пред Европскиот суд за човекови права од  д-р Јелена Ристиќ

„Интелектуалната сопственост како човеково право: Заштита пред Европскиот суд за човекови права“ е новата книга во издание на Академик. Автор на книгата е д-р Јелена Ристиќ, адвокат и професор.

Целта што се очекува да се постигне со издавањето на оваа книга е не само добивање на сеопфатни, сублимирани и систематизирани сознанија за третманот и развојот на заштитата на правото на интелектуална сопственост во рамки на судската практика на ЕСЧП, туку и добивање на сознанија за пристапот и улогата на ЕСЧП при одлучување во случаи за заштита на правото на интелектуална сопственост.

Книгата е наменета за целокупната стручна јавност која се занимава со проблематиката на правото на интелектуална сопственост, како и за онаа која се занимава со имплементација на Европската конвенција за човекови права.

Исто така, оваа книга е наменета и за судиите, за адвокатите, за застапниците што ја спроведуваат заштитата на правата од интелектуална сопственост и за останатите професии кои на каков било начин се вклучени во активности за заштита на интелектуалната сопственост и заштита на човековите слободи и права, воопшто.

Оваа книга може да им послужи и на самите носители на права од интелектуална сопственост, но и на сите оние кои се само љубопитни (со право) да дознаат повеќе за заштитата на своите слободи и права пред Европскиот суд за човекови права. И секако, оваа книга е наменета и за студентите по право, особено студентите на магистерски и докторски студии по право на интелектуална сопственост и по меѓународно право и човекови права. Повеќе за новото издание на Академик може да се дознае на следниот линк: Интелектуалната сопственост како човеково право: заштита пред Европскиот суд за човекови права

Цената на книгата е 1.970 денари по примерок (со вклучен ДДВ од 5%), а за време на првиот месец од продажбата, 21.12.2020 – 21.1.2021 година, следува попуст од 20%.

По плаќањето на профактурата, книгата може да ја подигнете во просториите на Академик или да ви биде доставена на вашата адреса преку специјализирана компанија за достава.