НОВО ВО АКАДЕМИК!
Серијал „Збирки закони од областа на трудовото право“ – Ваш водич во сложениот свет на работните прописи
Серијалот „Збирки закони од областа на трудовото право“, во издание на Академик, е незаменлив ресурс за сите работодавци, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор. Неговата цел е да обезбеди лесен пристап до најважните законски прописи во доменот на трудовото право, кои се клучни за регрутација, вработување, управување со човечките ресурси и решавање на работните спорови.
Текстовите на законите вклучени во серијалот се внимателно пречистени од страна на искусниот тим на Академик, што ви овозможува да се информирате, да ја проверите усогласеноста и да ги примените актуелните законски норми кои ги дефинираат правата, обврските и задолженијата на работодавците и вработените, создавајќи основа за фер и праведен работен однос.
Во пречистените текстови се вклучени сите измени и/или дополнувања на законите, одлуките на Уставниот суд на РСМ што укинуваат или поништуваат одредени одредби или делови од одредби, исправките на законот, како и одредби од други закони кои имаат влијание на предметниот закон. Покрај тоа, во фусноти се додадени информации за тоа кога примената на одредбата е одложена или кога одредбата престанала да важи или е укината/поништена, со повикување на прописите кои го дефинираат тоа, како и информации за одредени јазични или номотехнички пропусти содржани во законите.
Серијалот се состои од повеќе збирки закони во форма на е-книги, а досега се издадени првите три.
Книга 1 ги вклучува следните закони:
- Законот за работните односи
- Законот за безбедност и здравје при работа
- Законот за минимална плата во Република Северна Македонија
- Законот за практиканство
- Законот за волонтерство.
Во Книга 2 се содржани:
- Законот за заштита од вознемирување на работно место
- Законот за мирно решавање на работните спорови
- Законот за медијација
- Законот за спречување и заштита од дискриминација
- Законот за еднакви можности на жените и мажите.
Книга 3 ги опфаќа:
- Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност
- Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување
- Законот здравственото осигурување
- Законот за регистар на задолжително социјално осигурување
- Закон за данокот на личен доход.
Текстовите на законите во овие први три збирки се пречистени заклучно со септември 2024 година како неофицијални верзии, што го прави овој серијал вреден ресурс за секој кој се занимава со трудовото право. Обезбедете си пристап до овие драгоцени информации и останете во тек со најновите законски прописи!
Исто така, не пропуштајте ја можноста за промотивен период од 10 дена, односно од 25.09.2024 до 05.10.2024 година, кога можете да добиете 10% попуст на е-книгите! Само внесете го купонот за попуст ZZTP10 при нарачката на е-книгите.
Ако сте заинтересирани, погледнете ги на следниов линк: Е-книги. Не пропуштајте ја шансата да ги обезбедите овие корисни ресурси по поволна цена!