НОВОГОДИШЕН ПОПУСТ ВО АКАДЕМИК
Академик, кој е долгогодишен издавач на правна литература, ја продолжува традицијата и оваа година во пресрет на новогодишните и божиќните празници на својата читателска публика ѝ овозможува празничен попуст на неколку пакети книги.
Првиот пакет правна литература содржи пет изданија на Академик, и тоа: „Коментар на Законот за парничната постапка – трето издание“, „Коментар на Законот за стечај“, „Коментар на Законот за извршување“, „Коментар на Законот за семејство“ и „Коментар на Законот за концесии и јавно приватно партнерство“. Цената на овој пакет изнесува 11.185,00 денари.
Вториот пакет ги содржи изданијата: „Тужби на граѓанското и трговското право и во работните и во управните спорови“, „Коментар на Законот за управните спорови“ и „Коментар на Законот за семејство“, „Збирка на прописи од областа на трудовото право“. Цената на овој пакет изнесува 7.898,00 денари.
Третиот пакет правна литература ги содржи изданијата: „Прирачник за канцелариско и архивско работење“, „Прирачник за безбедност и здравје при работа“, „Коментар на Законот за извршување“, „Збирка на прописи од областа на трудовото право“, како и „Коментар на Законот за семејство“. Цената на овој пакет изнесува 8.150,00 денари.
Четвртиот пакет книги е составен од четири изданија, и тоа: „Коментар на Законот за парничната постапка – трето издание“, „Коментар на Законот за извршување“, „Коментар на Законот за управните спорови“ и „Коментар на Законот за семејство“. Цената на пакетот изнесува 8.955,00 денари.
Петтиот пакет правна литература ги содржи изданијата: „Коментар на Законот за стечај“, „Тужби на граѓанското и трговското право и во работните и во управните спорови“, „Коментар на Законот за парничната постапка – трето издание“, „Коментар на Законот за семејство“, „Коментар на Законот за управните спорови“ и „Коментар на Законот за извршување“. Цената на пакетот изнесува 15.670,00 денари.
Сите цени се со вклучен ДДВ. Пакетите можат да се нарачаат по телефон на бројот 02/3237-465 и преку е-пошта akademik @akademik.com.mk. Повеќе за правната литература на Академик можете да дознаете на следниот линк.
Коментарот на Законот за парничната постапка претставува еден практичен обид за отстранување на пречките кон спроведувањето на новиот дух во решавањето на парничните предмети во судовите. Оваа книга е составена од сто примери за практична примена, објавена судска практика речиси кон секоја одредба од Законот, со регистар на поими и со детална содржина на книгата, и има за цел појасно разбирање на одредбите на овој закон и негово целисходно применување во практиката.
Коментарот на Законот за извршување спаѓа во оние дела во кои проблематиката е обработена од практичен аспект и за практиката, на начин кој укажува на поврзаноста на одделни членови од Законот со други негови членови и со целината на Законот, но и со одредбите од други закони, што овозможува секоја одредба да се согледа во целосноста на Законот, на одделните гранки од правото, а некаде – и во целосноста на правниот систем.
Тужби на граѓанското и трговското право и во работните и во управните спорови (примери, прописи, објаснувања и судска практика) е обемен и исцрпен труд чија цел е да ја приближи материјата на тужбите преку практични и реални примери. Во книгата се поместени 435 тужби од областа на граѓанското и трговското право, како и од работните и управните спорови, кои се објаснети и коментирани преку насоки и препораки.
Коментарот на Законот за семејство ја има пред себе одговорната и комплексна задача да ги појасни сите нејасности и недоречености, да укаже на недостатоците и да посочи едно правилно читање на Законот, поткрепено со примери од судската практика.
Во Коментарот на Законот за стечај авторот не само што ги вклучува последните измени и дополненија на овој закон, вклучително и четвртата Новела од мај 2013, како и одлуките на Уставниот суд со кои се укинати одредени одредби, туку преку компаративна анализа, со одредени решенија во законодавствата на САД, Германија, Англија и на други држави посебно се задржува на оние измени што овозможуваат реформа и унапредување на стечајното законодавство во Македонија.
Коментарот на Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство, со исцрпните објаснувања, кои се повеќе од потребни, со примери од одлуки од праксата, со коментарите на законите и на подзаконските акти, како и со потребните обрасци, е значаен чекор напред кон правилна и успешна имплементација на Законот во пракса.
Коментарот на Законот за управните спорови е дело кое ја надополнува празнината што ја оставија измените на Законот за управни спорови. Изработувајќи го овој коментар со ни малку лесната задача да придонесе кон правилното применување на законското одредување на управносудската постапка, користејќи ја притоа и скромната објавена судска практика создадена по измените од 2010 година, но и богатата претходна судска практика, авторите настојуваат своите согледувања во врска со одделните одредби од Законот да ги изразат јасно и прецизно.
Збирката на прописи од областа на трудовото право е исцрпен, сеопфатен и слободно може да се рече дека е капитален труд кој на 765 страници ги изнесува прописите и правилниците на сите закони во целина. Систематски, прегледно, јасно, сè на едно место – во тоа е непроценливата вредност на оваа збирка.
Прирачникот за канцелариско и архивско работење ќе ве води низ Законот за архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење, поимите и термините, електронското работење, разграничувањето помеѓу приватниот архивски и документарниот материјал и надлежностите и обврските на Државниот архив, а дава и детално упатство за начините и техниките на постапување со архивскиот и документарниот материјал. Сето ова го прави овој прирачник есенцијална и неопходна алатка за канцелариското работење.
Во Прирачникот за безбедност и здравје при работа детално се содржани националната законска регулатива, правилниците и подзаконските акти, анексите и обрасците. Прирачникот ги систематизира правните прописи и дава насоки како да се имплементираат законските мерки (мерки кои можат самостојно да се имплементираат и мерки за кои е потребен ангажман од овластени стручни лица). Конечната цел на овој прирачник е навремено, законско и ефикасно спроведување на законските мерки и обврски од доменот на безбедноста и здравјето при работа.