/Прочитано:

255

Новото издание на Билтенот за судската практика на Европскиот суд за човекови права

Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права го објавува седмиот билтен посветен на судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој се издава во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).

Целта на Билтенот e унапредување на почитувањето на човековите права и нивната заштита во Република Северна Македонија, како и приближување на конвенциските стандарди и практиката на ЕСЧП кај трите гранки на државната власт (законодавна, извршна и судска).

„Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) е од големо значење за примената на соодветното национално право. Исто така, гарантира дека заедничките стандарди за човекови права на државите членки на Советот на Европа навистина се почитуваат и во практиката. Еден толку претенциозен и одржлив потфат како што е повеќегодишното редовно издавање на актуелен билтен на два јазика е можен само со заложба на сите вклучени страни, тимска работа и долготрајна поддршка“, се посочува во Билтенот.

Билтенот може да се преземе на следниот линк.

М.В