/ Прочитано:

1.215

Новото издание на Билтенот за судската практика на Европскиот суд за човекови права

Билтенот за судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур се објавува веќе четврта година. Билтенот е наменет за информирање на судските службеници, особено на судиите, адвокатите и јавните обвинители, и вработените во државните институции во Македонија.

Затоа тој, пред сè, известува за пресуди на Судот во Стразбур кои се од особен интерес за нив, односно за одлуки донесени против Македонија, но и за такви кои, иако произлегуваат од постапки против други држави, се однесуваат на правни прашања кои имаат големо практично значење во Македонија.

Билтенот, кој излегува на македонски и на албански јазик, се издава заеднички од страна на македонскиот владин застапник и директор на Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП и Германската фондација за меѓународна правна соработка  (ИРЗ). Билтенот е поддржан од Германската амбасада во Скопје,

„Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) е од големо значење за примената на соодветното национално право. Исто така, гарантира дека заедничките стандарди за човекови права на државите членки на Советот на Европа навистина се почитуваат и во практиката. Еден толку претенциозен и одржлив потфат како што е повеќегодишното редовно издавање на актуелен билтен на два јазика е можен само со заложба на сите вклучени страни, тимска работа и долготрајна поддршка“, се посочува во Билтенот.

Целосниот текст на Билтенот за судската практика на Европскиот суд за човекови права.

М.В