/ Прочитано:

1.439

Новото кривично дело „Безобѕирно управување на моторно возило” – предлог на судии и на обвинители

„Новото кривично дело во областа на сообраќајот „безобѕирно управување на моторно возило” е предлог на судии и обвинителите кој учествуваат во работната група за изготвување на новиот Кривичен законик. Потребата на дефинирање ова ново кривично дело е утврдена од работната група која што работи на Кривичниот законик. Работната група веќе подолго време предводена од професорот Владо Камбовски. Во оваа работна група членуваат претставници и на судовите и обвинителства и тие ја имаат утврдено потребата да се дефинира ова ново кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило”. Со новото кривично дело подетално се дефинираат елементите на делото. Исто така, се предвидуваат заострени казни“, образложи денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Новите кривични дела би требало да биат подготвени до крајот на годината или почетокот на следната година. Со новото кривично „Безобзирно управување со моторно возило“ за се пропишува затворска казна и до 3 години, а доколку има смртни последици казната најмалку 4 години затвор.

Ќе се воведе ново кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“

М.В