/ Прочитано:

470

НУК реагира за новите протоколи за угостителските објекти

Според Независната угостителска комора (НУК), новите протоколи од Комисијата за заразни болести поврзани со организирањето на прослави, веселби и свадби наместо позитивно да влијаат, ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти.

„Доколку се точни медиумските најави за нови препораки, ѝ се восхитуваме на умешноста на Комисијата за заразни болести, која од една страна со предлог-мерките дозволи организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор, додека од друга страна постави нови правила и ограничувања за музичарите чие присуство со истата мерка е ограничено само при организирање свадби“, се вели во денешното соопштение.

„Бараме од Владата при усвојување на протоколите да се врати членот 13, со кој ќе со дозволи организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот во сите угостителски објекти во согласност со протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели да ја укине во целост. Исто така, бараме да се дозволи и на иста маса да седат повеќе од шест лица доколку се од иста фамилија“, велат од НУК, додавајќи дека не биле  консултирани претставници од оваа фела при носењето на овие протоколи.

Главниот кризен штаб ги прифати предлозите на Комисијата за заразни болести

Заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, полицискиот час да остане на сила

Мерките за ограничување на движењето ќе продолжат до 1 јуни

Комисијата за заразни болести предлага да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки

Соопштение за новите рестриктивни мерки

Полициски час од 24:00 часот, угостителските објекти да работат до 23:30 часот – Комисијата донесе повеќе олабавени мерки

Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на МЗ за забраната за движење

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за намалување на рестрикциите

Нови рестриктивни мерки

Рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, со некои исклучоци

Детали за новите рестриктивни мерки во пресрет на празниците

Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април

Секој граѓанин којшто ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен за да стигне во својот дом

МИОА објави детали во кои случаи е дозволено движење за време на забраната

Донесена одлуката за забрана за движење од 22:00 до 5:00 часот

М.В