/Прочитано:

2.133

Oбезбедување на побарувањата со пренос на сопственост на предмети и пренос на права според Законот за обезбедување на побарувањата – научен труд од проф. д-р Арсен Јаневски

Автор: Д-р Арсен Јаневски, редовен професор на Правниот факултет  Јустинијан Први во Скопје.

 

Вовед. Во настојувањето да се изгради поефикасен систем  на извршување, односно да се забрза и поедностави постапката за извршување на побарувањата на доверителите, а при тоа  да се почитуваат основните процесни права на странките и да се зголеми општата правна сигурност во Република Македонија откако беше донесен Законот за извршна постапка[1]  по неколкугодишна негова примена се пристапи кон изготвување и донесување на нов Закон за извршување[2]. ЗИ содржи голем број на значајни новини во однос на ЗИП[3].

 ЗИ ја регулира само постапката за присилно извршување. Со отпочнување на неговата примена (мај 2006) извршувањето, односно намирувањето во Република Македонија го спроведуваат  извршители-лица кои се именувани од министерот за правда, кои имаат јавни овластувања.

ЗИ не содржи одредби за постапката за обезбедување[4]. Оваа постапка беше резервирана да се уреди со посебен Закон кој е донесен дури во месец јули 2007 година[5].  ЗОП содржи одредби со кои е уредено судското заложно право на недвижност и судското заложно право на подвижни предмети, претходните мерки, привремените мерки и преносот на сопственост на предмети и преносот на права. Во натамошните излагања ќе стане збор само за преносот на сопственост и преносот на права заради обезбедување, односно т.н. фидуцијарен пренос на правото на сопственост…

>> Целосниот текст на трудот во прилог: Обезбедување на побарувањата со пренос на сопственост на предмети и пренос на права според Законот за обезбедуваење на побарувањата


[1] Законот за извршната постапка е објавен  во „Службен весник на Република Македонија” бр.53/97,59/2000 и 64/2003, во натамошниот текст ќе биде употребуван скратено ЗИП.
[2] Законот за извршување е објавен во „Службен весник на Република Македонија”    бр. 35/2005, 50/2006, 129/2006, 8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010, 171/2010, и пречистен текст објавен во „Службен Весник на Република Македонија“ бр. 59/2011 и 148/2011, во натамошниот текст ќе биде употребуван скратено ЗИ.
[3] За новините кои ги содржи ЗИ во однос на ЗИП види: А.Јаневски „Осврт на некои решенија на новиот Закон за извршување“, Судиска ревија, Скопје, 2006, бр.1 стр.53-73; А.Јаневски: „Ново извршно право на Република Македонија“, Деловно право, бр.15, Скопје, стр.219-239.
[4] Со Законот за измени и дополнуваwа на Законот за извршување „Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2006 година, се предвиде да продолжат да се применуваат одредбите од  Дел III-ПОСТАПКА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ од Законот за Извршната постапка, додека не се донесе Закон за претходни и привремени мерки за обезбедување на побарувањата.

[5] Законот за обезбедување на побарувањата е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007. Во натамошниот текст Законот за обезбедување на побарувањата ќе биде употребуван скратено ЗОП.