Oбезбедување на побарувањата со пренос на сопственост на предмети и пренос на права според Законот за обезбедување на побарувањата – научен труд од проф. д-р Арсен Јаневски
Автор: Д-р Арсен Јаневски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Вовед. Во настојувањето да се изгради поефикасен систем на извршување, односно да се забрза и поедностави постапката за извршување на побарувањата на доверителите, а при тоа да се почитуваат основните процесни права на странките и да се зголеми општата правна сигурност во Република Македонија откако беше донесен Законот за извршна постапка[1] по неколкугодишна негова примена се пристапи кон изготвување и донесување на нов Закон за извршување[2]. ЗИ содржи голем број на значајни новини во однос на ЗИП[3].
ЗИ ја регулира само постапката за присилно извршување. Со отпочнување на неговата примена (мај 2006) извршувањето, односно намирувањето во Република Македонија го спроведуваат извршители-лица кои се именувани од министерот за правда, кои имаат јавни овластувања.
ЗИ не содржи одредби за постапката за обезбедување[4]. Оваа постапка беше резервирана да се уреди со посебен Закон кој е донесен дури во месец јули 2007 година[5]. ЗОП содржи одредби со кои е уредено судското заложно право на недвижност и судското заложно право на подвижни предмети, претходните мерки, привремените мерки и преносот на сопственост на предмети и преносот на права. Во натамошните излагања ќе стане збор само за преносот на сопственост и преносот на права заради обезбедување, односно т.н. фидуцијарен пренос на правото на сопственост…
>> Целосниот текст на трудот во прилог: Обезбедување на побарувањата со пренос на сопственост на предмети и пренос на права според Законот за обезбедуваење на побарувањата
[5] Законот за обезбедување на побарувањата е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007. Во натамошниот текст Законот за обезбедување на побарувањата ќе биде употребуван скратено ЗОП.