Објава на пресудата за поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша
Среда, 5 јуни 2013 – Денеска се очекува да биде објавена првостепената пресуда за експремиерот на Словенија Јанез Јанша. Заедно со уште неколку обвинети, Јанша се најде сред аферата „Патриа“ каде се товари за нелегално опремување на словенечката војска со оклопни транспортери во вредност од 278 милиони евра.
Обвинителството предложи две години затвор за поранешниот премиер Јанез Јанша и парична казна од 37.000 евра, затоа што ја прифатил паричната награда од фирмата „Патриа“ во 2006 после победата на конкурсот за опремување на словенечката војска со оклопни транспортери во вредност од 278 милиони евра. Зад директорот на фабриката Ротис, Иван Чмковиќ и бригаридот на словенечката војска Тоне Крковиќ, обвинителството предложи казна од по 22 месеци затвор и по 37.000 евра казна.
Сите обвинети уште на самиот почетокот на процесот се изјаснија за невини, а според Јанша ова е обид за тој да бидет отстранет од политичките води.
Судењето ја подели словенечката јавност – 47 % очекуваат поранешниот премиер да биде прогласен за виновен, а 40 % ослободителна пресуда.
Судскиот процес стартуваше во септември 2011 година,а одржани беа повеќе 50 рочишта.