/ Прочитано:

3.493

Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет

Министерството за правда го објави текстот на новите предложени измени на Законот за Судскиот совет. Основната цел на Законот е внесување мерливи квалитативни  и квантитативни критериуми за оценување на работата на судиите и на претседателите на судовите на секои две години. Воедно, се додава во законското образложение, се внимаваше на целосна избалансираност на критериумите  во системот на оценувањето.

Истовремено се интервенира и во однос на одредбите за член на Совет со право на глас, за рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд, се зајакнува одговорноста во работата на Советот и слично

Законот за Судскиот совет на Република Македонија се донесе во 2006 година со цел усогласување на оваа материја со уставните амандмани XXVIII и XXIX на Уставот на Република Македонија.

Законот за Судскиот совет на Република Македонија беше менуван вкупно шест пати, и со измените се интервенираше во одредбите за условите за член на Совет од редот на судиите, за изборот на судија на повисок суд, за дисциплинската постапка, како и во однос на критериумите и постапката за следeње и оценување на работата на судијата.

„Основната намера на Владата на Република Македонија за членство во Европската Унија налага продолжување на реформите во областа судство и целосно реформирање на судството.

Согласно препораките дадени од Венецијанската комисија во делот на правосудството беа направени последните измени со кои се интервенираше во делот на дисциплинската постапка, односно таа се поедностави и воедно се донесе Закон за престанување на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија и неговата надлежност согласно препораките, се пренесе на Судскиот совет.

Во ноември 2017 година се донесе Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, а во која во делот на правосудството се прифатени и вградени сите препораки на релевантните меѓународни институции.

Во таа смисла, се пристапи кон ново усоглaсување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија со прифатените препораки, и тоа во делот на  оценувањето на судиите за нивната работа. Со измените што се предлагаат се зајакнува квалитативниот критериум во оценувањето на судиите и претседателите на судовите во однос на квантитативниот, и истите сега се во сооднос 60% – 40%. Истовремено се врши натамошно вградување на препораките од Венецијанската комисија дадени во последните изменувања и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Македонија во однос на транспарентното работење на Советот и се внесуваат измените предвидени согласно Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Од наведените причини, се оцени дека е неопходно да се пристапи кон итна измена на одредбите од овој закон, согласно претходно наведените препораки и насоки.

Текстот на Законот беше доставен на мислење на надлежните институции“, се вели во законското образложение.

Документ за јавни политики во однос на поставеноста и работењето на Судскиот совет

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В