/ Прочитано:

3.590

Објавен нов Предлог-закон за управување со отпадот

Министерството за животна средина објави нов Предлог-закон за управување со отпадот. Со донесувањето на нов закон за управување со отпад, се вели во законското образложение, ќе се овозможи воспоставување на функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено ќе се затворат сите нестандардни депонии и ѓубришта.

Воедно, се додава во образложението, ќе се овозможи регионално собирање, транспорт, селектирање, рециклирање на отпад, како и третман и искористување, со што ќе се зголеми степенот на  заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина, а сето тоа ќе биде чекор напред кон овозможување на циркуларна економија за овој сектор.

Воспоставувањето на регионално управување со отпад ќе овозможи подобра контрола врз животната средина од активностите во областа на управувањето со отпадот преку:

намалување на депонирањето, односно намалени количини на отстранет отпад, а зголемување на преработката и рециклирањето на отпадот;

намалување на нелегално депонирање, кое покрај заштитата на животната средина ќе доведе до зголемување и на приходите;

зголемување на вработеноста во индустријата за отпад и обезбедување на поврзан пораст на приходите, што ќе придонесат за зголемување на бруто-домашниот производ;

развивање на циркуларна економија, со што ќе се овозможи поголема искористеност на ресурсите, а самото тоа ќе доведе и до економски развој;

апроксимација на националното со европското законодавство во областа на управувањето со отпадот.

Предлог-законот може да се коментира на следниот линк.

Во подготовка измени на Законот за животната средина

Во подготвка нова регулатива за управувањето со отпадот

Измени на повеќе закони од областа на управувањето со отпадот

Се подготвува нов Закон за управување со отпад усогласен со правото на ЕУ

М.В