/ Прочитано:

2.383

Објавен новиот Предлог- закон за вршење на сметководствени работи

Министерството за финансии го објави текстот на новиот Предлог-закон за вршење на сметководствени работи.

Со новиот закон, велат од Министерството, се уредува одржувањето на електронски седници на Собранието на Институтот, што ќе овозможи транспарентност и инклузивност во донесувањето одлуки. Заради подигање на квалитетот на професијата, се воведува влезен испит со можност за ослободување од полагање на одредени испити во зависност од претходно стекнатото образование. Исто така, се овозможува влез во професијата веднаш по завршување на формалното образование и се унапредува процесот на континуирано професионално усовршување (се признава учество на симпозиуми, конгреси, стручни предавања, менторство и сл.).

„Законот за вршење на сметководствени работи е донесен во 2012 година, а отпочна да се применува во 2016 година. Во меѓувреме беа направени повеќе измени, при што беа избришани одредбите со кои се предвидуваше задолжително полагање на испит за влез во професијата. Со тоа се отстапи од суштината поради која беше донесен Законот – подигање на стручноста и професионалноста на сметководителите. Постојниот Закон предвидува задолжителна посета на обуки организирани од страна на Институтот. Законот не дава можност за признавање и на други форми на усовршување, како што се: учество на конгреси и симпозиуми, држење на стручни предавања, објавување трудови и менторства. Ваквиот концепт отстапува од најдобрите меѓународни практики. Со постојниот Закон е предвидено сите сметководители/овластени сметководители да се членови на Институтот. Во Собранието членството го претставуваат 50 лица. Оваа бројка не е доволна за да ги одрази интересите и потребите на над 8.700 сметководители и овластени сметководители“, образложуваат од Министерството за финансии.

Текстот на Предлог-законот објавен на ЕНЕР

Министерството за финансии подготвува нов Закон за сметководствени работи

М.В