Објавен повик за полагање испит за извршители
Министерството за правда на својата веб-страница ќе ги објави имињата на кандидатите на кои им е одобрено полагањето на испитот за извршители, како и времето и местото на полагање на испитот најмалку осум дена пред одржувањето на испитот.
Министерството за правда најавува дека во октомври ќе се изврши испитна сесија за полагање испит за извршители.
Полагањето на испитот ќе биде по електронски пат во согласност со одредбите на Законот за извршување.
Кандидатот што се пријавува за испитот за извршители треба да ги достави следните документи:
- пријава,
- уплатница,
- диплома за завршено четиригодишно високо образование на правни судии или стекнати 300 кредити според ЕКТС во Република Македонија,
- доказ за најмалку пет години работно искуство на правни работи или три години на извршни работи по дипломирањето и
- уверение за положен правосуден испит (доколку кандидатот го има положено).
На следниот линк можете да ги погледнете останатите услови кои треба да ги исполнат кандидатите.