Објавен Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители
Министерството за правда го објави новиот Предлог-закон за Академијата за судии и јавни обвинители. Со овој закон се основа и се уредува работењето на Академијата за судии и јавни обвинители, понатаму нејзиниот статус, дејноста, органите на управувањето и финансирањето.
Академијата, се пропишува во Предлог-законот, се основа со цел професионално, независно, непристрасно и ефикасно извршување на судиската и јавнообвинителската функција, како и стручно и ефикасно извршување на работите на стручните служби во судството и јавното обвинителство.
Академијата врши прием и стручно усовршување на кандидатите за судии и јавни обвинители, континуирана обука и унапредување на стручноста на судиите и јавните обвинители, континуирана обука на стручните служби во судството и јавното обвинителство, специјализирана обука за судиите поротници, обука на субјектите кои учествуваат во спроведување на законите од областа на правосудството, како и заради вршење аналитичко-истражувачка дејност од областа на правосудната теорија и практика.
„Со Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители се врши негово усогласување со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и препораките дадени од страна на релевантните меѓународни институции. Основна цел на Законот е ревидирање на начинот на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењето на кандидатите“, образложуваат од Министерството за права во врска со Предлог-законот, кој може да се коментира на следниот линк.
Министерството за правда подготвува нов Закон за Академијата за судии и јавни обвинители
Усвоен Првиот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор
Формиран Советот за следење на имплементација на Стратегијата во правосудството 2017 – 2022
Усвоена Стратегијата за реформи во правосудниот сектор
М.В