Објавен Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците
Министерството за правда го објави Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците. За имплементација на Предлог-законот за Државен инспекторат за употреба на јазиците, во Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година се предвидени 7.423.00,00 денари.
„Законот за Државен инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел мониторирање и надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците во Република Северна Македонија.
Истиот закон гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.
Со истиот закон, исто така, се предвидени и другите начела што важат при вршење на инспекциските надзори и функционирање на инспекторатите во глобала.
Законот ја дефинира и надлежноста на Инспекторатот за употреба на јазиците каде што точно е наведено кои се надлежностите и каков вид надзор врши истиот Инспекторат.
Бидејќи станува збор за формирање на нов орган во состав на Министерството за правда, законски е предвидена и организациската поставеност на Инспекторатот.
Законот, исто така, ја уредува и организациската поставеност на Инспекторатот за примена на јазиците. Органи преку кои Инспекторатот ја врши својата надлежност се: директорот на Инспекторатот, државните инспектори, како и административно- техничката служба за нормално вршење на работите на Инспекторатот.
Во истиот закон се наброени и условите што треба да се исполнат за избор на директорот и инспекторите во рамките на Инспекторатот.
Во законот е дефиниран и начинот на извршување на инспекцискиот надзор, поточно начинот како се врши инспектирање, како се поведува инспекциската постапка, кои дејствија се преземаат при инспекцискиот надзор и како таа се завршува.
Со оглед на фактот дека се работи за прекршочна постапка, во делот на прекршоците важат одредбите од Законот за прекршоците“, се вели во законското образложение.
Предлог-законот може да се коментира на следниов линк.
Ќе се формира инспекторат за употреба на јазиците
Законот за употреба на јазиците е испратен до Венецијанската комисија
Професорот Кекеновски го оспори Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд
Што сe предвидува во Законот за употреба на јазиците
ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите
Годишно обраќање на претседателот Иванов
Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов
Што предвидува Законот за употреба на јазиците донесен од Собранието на Република Македонија
ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Образложение и законски одредби
М.В