/ Прочитано:

5.467

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Министерството за правда го објави текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка, кој ги утврдува правилата за правично водење на кривичната постапка така што никој невин да не биде осуден, а на сторителот на кривичното дело да му се изрече кривична санкција под условите предвидени во Кривичниот законик и врз основа на законито спроведена постапка.

За Предлог-законот за кривичната постапка од Министерството за правда велат дека е со цел усогласување со меѓународните стандарди и надминување на слабостите лоцирани при примената на постојното законско решение.

„Во периодот на неговата примена беа лоцирани одредени недостатоци, кои е потребно да се отстранат. Дополнително, потребно е усогласување на законот со најновите меѓународни стандарди во оваа област“, додаваат  од Министерството за правда.

Предлог-законот за кривичната постапка може да се преземе и да се коментира на следниот линк.

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

М.В