/ Прочитано:

2.037

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Министерството за правда го објави текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер. Предлог-законот може да се коментира на следниот линк.

Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, политичките партии во делот на приходите и расходите и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон и дејности од јавен интерес.

Од Министерството за правда образложуваат дека е потребно преуредување на националниот систем за слободен пристап до информации од јавен карактер, особено со воспоставување на нова организациона поставеност и јасни надлежности на институцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Целта на Предлог-законот е олеснување на остварувањето на правото на физичките и правните лица на слободен пристап до информации од јавен карактер, потоа реформирање на системот за слободен пристап до информации од јавен карактер и имплементација на добиени препораки за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер и за реорганизација на институционална рамка.

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

М.В