/ Прочитано:

1.601

Објавен текстот на Предлог- законот за лекарска дејност

Министерството за здравство го објави   Предлог- законот за лекарска дејност закон. Со Предлог-законот се уредуваат условите и начинот на вршењето на лекарската дејност, правата и должностите на лекарите, издавање, продолжување, престанување и одземање на лиценцата за работа за вршење на лекарска дејност, надлежноста, организацијата и работењето на Лекарската комора на Република Северна Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на вршењето на лекарската дејност.

Целта на Предлог-законот е да се уредат условите и начинот на вршење на докторската дејност, потоа правата и должностите на докторите на медицина во вршењето на докторската дејност, како и прашања кои се однесуваат на вршењето на јавните овластувања на Комората.

„Со Законот за здравствената заштита е уредена и материјата поврзана со здравствените работници со високо образование од областа на медицината, издавањето, обновувањето, продолжувањето и одземањето на лиценците за работа, статусот на Лекарската комора на Република Северна Македонија и нејзините јавни овластувања во постапките за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценците и вршењето на стручниот надзор над работата на здравствените работници. Оваа материја е уредена заедно со здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата и недостасуваат одредени специфики во однос на вршењето на докторската дејност. Уредени се и одделни прашања поврзани со правата и обврските на докторите на медицина. Лекарската комора во повеќе наврати иницира вршењето на докторската дејност да се уреди во посебен закон за да се уреди во целина материјата поврзана со вршењето на докторската дејност“, образложуваат од Министерството за здравство. Предлог-законот може да се коментира на следниот линк.

Лекарската дејност ќе се уреди со посебен закон: Во подготовка Закон за лекарска дејност

Група пратеници предлагаат Закон за докторска дејност

Побрзо донесување на Законот за докторска дејност и измени на Законот за здравствена заштита бараат лекарите

Измени на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина чија цел е академската слобода

МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ЗАКОН ЗА ДОКТОРСКА ДЕЈНОСТ: „Се соочуваме со егзистенцијални проблеми и приморани сме да си одиме од земјава“

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ НОВИ ЗАКОНИ ЗА ДОКТОРСКАТА ДЕЈНОСТ: „Подобри закони за поголема заштита“

ЈАВНА РАСПРАВА ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО: Стручната јавност бара нови и посебни законски решенија за лекарите, медицинските сестри, техничарите и акушерките

М.В