/ Прочитано:

2.290

Објавен текстот на Предлог-законот за висока раководна служба, за кој МИОА организира и јавна расправа

Министерството за информатичко општество и администрација го објави текстот на Предлог-законот за висока раководна служба.

„Во наредните 20 дена поднесете ги вашите коментари, забелешки или предлози, со цел да придонесете кон подобрување на текстот на Законот. Вашите коментари поднесете ги на овојлинк.“, велат од МИОА, од каде што додаваат дека на 13 март во 11:00 часот, во Клубот на пратеници ќе се организира јавна расправа за предлог-текстот на Законот.

На јавната расправа ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, и Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени.

„Во законодавството во Република Северна Македонија не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба. Со Законот за административни службеници е направен првиот исчекор кон професионализација на извршните раководители во административната служба. Со Законот за вработените во јавниот сектор се опфатени органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и закон, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје, како и од општините во Градот Скопје.

Со новиот Закон за висока раководна служба (ВРС),ќе се воспостави уедначена процедура за назначување на раководна позиција, професионализација на раководните позиции, издвоена од политичкото управување, со политичка одговорност. ВРС ќе има специфичен правен статус, одвоен и различен од Законот за административни службеници. Со одредбите од новиот Закон за висока раководна служба ќе се дефинира високата раководна служба и ќе се воспостави централно тело Комисија за селекција на високата раководна служба“, се вели во образложението на Законот за висока раководна служба.

МИОА подготвува Закон за висока раководна служба

М.В