/Прочитано:

229

Објавена нацрт-верзијата на Концептот за образование од далечина

„Министерството за образование и наука, Министерството за информатичко општество и администрација, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот просветен инспекторат и Државниот испитен центар, во соработка со УСАИД, УНИЦЕФ, МЦГО, наставници од основните училишта, средните училишта и високообразовните установи во земјата, како и повеќе експерти од областа на образованието и ИКТ-сферата, изготвија Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во Република Северна Македонија.

Изработката на документот е иницирана од промените на текот и начинот на реализација на воспитно-образовниот процес во глобални размери, поради пандемијата предизвикана од појавата и ширењето на вирусот ковид-19.

Концепцијата треба да обезбеди непречено одвивање на едукацијата на учениците во основните и средните училишта од 1 септември 2020 година, преку прилагодување на процесот на новонастанатата ситуација и реалност.

Нацрт-верзијата на Концепцијата е достапна на следниот линк.

Сите заинтересирани можат да дадат придонес кон подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, преку достава на предлози и сугестии на електронската адреса: mitkoceslarov@bro.gov.mk најдоцна до 10.7.2020“, известуваат од МОН.