/ Прочитано:

2.825

Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“

Италијанскиот весник „Ла верита“ објави  снимка во врска со случајот „Рекет“. Од весникот за видеото велат дека е снимено во домот на Орце Камчев и дека на него се покажува исплаќањето пари и ветувањето од страна на Бојан Јовановски дека Камчев ќе биде на слобода бидејќи СЈО нема да вложи жалби.

Според јавниот обвинител Љубомир Јовески, објавената снимка не потекнува од Обвинителството. Снимката, смета Јовески, не може да ја загрози истрагата.  Во врска со прашањето дали обвинителката Јанева ќе биде повикана на разговор, Јовески нагласува дека ќе бидат повикани сите лица неопходни за истрагата.

„Во врска со снимката поврзана со случајот ‘Рекет’, којашто ја пренесоа повеќе медиуми, недвосмислено се потврдува дека нема конекција помеѓу изреченото на снимката и предлозите коишто се носени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и одлуките на судовите“, соопштија од СЈО.

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола

Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста

ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Отворена истрага и предлог за притвор за две лица осомничени за примање награда за противзаконито влијание

Оставка на Катица Јанева

М.В