/Прочитано:

1.430

Објавени датумите за мајската испитна сесија за медијатори и за полагање правосуден испит

Министерството за правда денеска соопшти дека испитот за медијатори во мајската испитна сесија кандидатите ќе го полагаат според следниот распоред:

Првиот дел (теоретски дел) е закажан на 23 мај (вторник) со почеток во 13 часот.

Вториот дел (студии на случај) е закажан за 30 мај (вторник) со почеток во 10 часот.

За третиот дел од испитот, како што информираат од Министерството за правда, студентите ќе бидат дополнително известени.

Испитот ќе се полага во проториите на Испитниот центар ASSECO на улица „Христо Смирненски“ број 30 ламела 1.

Министерството за правда напоменува дека кандидатот може да го одложи полагањето на испитот од оправдани причини најдоцна 48 часа пред почетокот на испитот со поднесување на писмено барање за одложување на испитот до архивата на Министерството за правда.

Истовремено, Министерството за правда ги објави и датумите за полагање на правосудниот испит во мајската испитна сесија. Испитот по кривично право е закажан на 22 и на 23 мај, додека испитот по граѓанско право е закажан на 25 и на 26 мај.