Објавени коментарите и предлозите за Законот за парничната постапка со осврт на работната група за секој од нив
Министерството за правда го објави документот со коментарите и предлозите за Законот за парничната постапка.
„Овој документ претставува осврт на работната група на Министерството за правда формирана 2019 година за подготвување на Предлог-законот за парничната постапка, на сите коментари, предлози и забелешки кои пристигнаа на објавениот Нацрт-закон за парничната постапка, и тоа како преку страницата на ЕНЕР така и непосредно до Министерството за правда. Притоа, следуваат стотици коментари од 31 правни и физички лица, професионални комори, синдикални организации, невладини организации и сл. Кон секој конкретен предлог (прикажан интегрално како што е доставен од страна на предлагачот) даден е став на работната група (во црвена боја за полесно идентификување), како и образложение зошто определен предлог не се прифаќа и забелешка за оние што се прифатени. Притоа, во голем дел има повторување на определени предлози и коментари, така што во натамошниот текст, по првото образложение за определен предлог, има укажувања да се видат коментарите на тој предлог дадени понапред“, се наведува во документот со коментарите и предлозите.
Коментарите и предлозите може да се преземат на следниот линк.
Адвокатската комора достави предлози и забелешки на Предлог-законот за парнична постапка
Адвокатите да достават коментари на Предлог-законот за парничната постапка
Во подготовка нов Закон за парничната постапка – објавен текстот на Нацрт-законот
М.В