Објавени нови снимки за случајот „Рекет“
Италијанскиот весник „Ла верита“ утрово објави нови аудиоснимки за случајот „Рекет“, за кои посочува дека во нив се слушаат разговори меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев во врска со случајот „Империја“, како и гласот на Катица Јанева која го уверува Камчев да не се грижи и дека сè ќе биде во ред. Снимка од неколку разговори меѓу Бојан Јовановски-Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев.
Вчера „Ла верита“ објави видеоснимка за случајот „Рекет“. Од весникот за видеото велат дека е снимено во домот на Орце Камчев и дека на него се покажува исплаќањето пари и ветувањето од страна на Бојан Јовановски дека Камчев ќе биде на слобода бидејќи СЈО нема да вложи жалби.
Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“
М.В