/ Прочитано:

687

Објавени новите статистички податоци за работата на судиите во Кривичниот суд

Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје денеска одржа редовен брифинг со претставниците на медиумите и невладините организации на повеќе теми и сите отворени прашања поврзани со работата на Кривичниот суд.

Меѓу другото, беа објавени последните статистички податоци за работата на судиите во Кривичниот суд, па така 2020 година Кривичниот суд ја започнал со:

20.380 предмети од претходната година,

43.080 новопримени предмети,

или вкупно 63.460 предмети во работа, од нив

решени се 44.040 предмети, а

останале 19.420 предмети во работа.

Од старите предмети (постари од 2 години):

вкупно во работа имало 3.013 предмети,

решени се 2.009 предмети, а

останале 1.004 нерешени предмети.

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, во врска со презентираните податоци истакна дека Основниот кривичен суд Скопје го надминал приливот на предмети и ги намалил заостанатите нерешени предмети, што е показател на ажурноста на Судот.

М.В