/ Прочитано:

1.230

Објавени се предлог-измените на Законот за заштита на укажувачите – Министерството за правда повикува на јавни консултации

Министерството за правда го објави нацрт-текстот на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи, кои се во фаза на подготовка и за таа цел, организира јавна расправа за јавни консултации  во однос на нацрт-текстот.

Нацрт-текстот на Предлогот е објавен за јавни консултации на следнава веб-локација: https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=dA+RsDL9vuNGUwwjQ9R3oA==

Јавната расправа ќе се одржи на 21.11.2017 година, од 10 до 12 часот, во просториите на Министерството за правда (адреса: ул.„ Димитрие Чуповски“, бр. 9, Скопје). Се повикуваат заинтересираните поединци и организации да учествуваат на настанот со подготвени коментари и забелешки во однос на нацрт-текстот на Предлогот, имајќи ја предвид целта: усогласување на Законот за заштита на укажувачи со препораките упатени од  Советот на Европа – Венецијанска комисија со нејзиното мислење бр. 829/2015 од 15 март 2016 година.

За учество на настанот, задолжителна е претходна регистрација најдоцна до 19.11.2017 година со е-порака на следнава адреса за е-пошта: mpsorabotka@mjustice.gov.mk Задолжителни податоци за регистрација: 1. Име и презиме на учесник 2. Информации за контакт (телефон, поштенска адреса или адреса за е-пошта) 3. Коментари и забелешки во однос на текстот што е предмет на расправата (Да, во прилог/Не/Ќе се изложат усно).

„Со одржувањето на јавната расправа ќе се заокружат јавните консултации во однос на нацрт- текстот на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи, започнати на 1.11.2017 година“, информираат од Министерството за правда.

M.В